Андреа Вељаноска и Александар Mладеновски државни прваци за 2022 година во категорија U-23
Во четвртокот, на 08 декември, во Битола, празнично се одржа младинското државно првенство, категорија U-23 во поединечна категорија. Беа пријавени само 10 куглари од 4 клубови од Македонија.
Форматот на натпреварување беше два настапи во еден ден во многу кратко време, а оној со најмногу срушени дрва да застане на тронот. Исклучително тешко. Но и влогот беше голем т.е. биравме кој од нашите млади сили ќе ја претставува Македонија на Светскиот Куп во Ријека 2023 година.
Како и што доликува за едно младинско првенство, многу страст и емоции преовладуваа, желбата за добар настап беше евидентна кај сите, а тоа најчесто е и бариера за високи цифри.
Она што радува е одличниот настап на Александар Младеновски кој имаше одлични 582 дрва во првиот настап и скоро сигурно злато кај мажите, додека кај девојките Андреа Вељаноска имаше сериозна предност (529) над останатите кугларки. Но вторите настапи беа драматични и Александар и Андреа не изиграа така квалитетно па оставија можност да се доближат останатите кандидати. На крајот, сепак предноста од првиот настап беше голема така што и Александар и Андра успеаа рутински да го привршат натпреварот и заслужено да победат на ова интересно младинско поединечно првенство.
Резултати може да се видат на следниот ЛИНК
Архан Арслановски и Кристијан Николоски од Пелистер 1982 беа второ и трето место додека кај девојките Ивана Трајчевска и Даниела Ѓуровска ги освоија среброто и бронзата.
Признанијата ги врачи Игор Михајловски како Претседател на КФСМ
Видео од државното првенство може да се види на следниот линк