Браќата Димитровски, државни прваци во парови за 2022 година

Во Битола, на 26 ноември беше одржано Државно првенство за сениори во куглање, дисциплина парови. Оваа дисциплина долги години не беше активна и немаше ваков тип на натпреварување, но со враќањето во календарот на натпреварувања, се покажа како одличен концепт.

Беа пријавени вкупно 19 машки парови или вкупно 38 машки натпреварувачи од сите клубови кои се натпреваруваат во МКЛ.

Во една исклучително фер и коректна атмосфера беа изиграни сите парови, а со оглед на резултатите и малата разлика во текот на целото натпреварување имаше динамика и беше задржано вниманието на публиката,

Дефинитивно најинтересно беше во последните 2 блока каде што играа машките репрезентативци. Со последната кугла парот на Вардар, Дарко и Димитар Димитровски срушија чун кој беше доволен за златен медал. Второто место заслужено го освоија Ибрахим Мемеди и Душко Ајдин, а Ибрахим беше и играч на првенството со одлични  623 дрва и само 6 помалку од рекордот на кугланата.

Трето место беа вардарскиот пар претставувани од Пецо Димовски и Коста Манев. Признанијата беа доделени од претседателот на КФСМ – Игор Михајловски.

Ова државно првенство се одржа во пресрет на натпреварот со Босна и Херцеговина кој ќе се игра на 03 декември и послужи како одлична подготовка на нашите репрезентативци.

Детали околу постигнатите резултати може да се видат ОВДЕ

Similar Posts