Во Битола со куглање одбележана европската недела на спортот

На 22 септември, битолските кугларски клубови Пелистер Пин и Пелистер 1982 во соработка со Europe House Bitola и Општина Битола ја одбележаа европската недела на спортот со тоа што им беше овозможено на 30-тина млади луѓе од Битола да се запознаат со куглањето како спорт на најмодерната куглана во Македонија, во Битола. Пред присутните имаше воведен говор Игор Михајловски во својство на претседател на Македонската кугларска федерација и претседател на женскиот клуб Пелистер Пин и Влатко Трајчевски во својство на претседател на машкиот кугларски клуб Пелистер 1982. Инструктори на настанот беа младата генерација на куглари од двата клубови. И како што е вообичаено, се научија првите кугларски чекори, забавата беше на високо ниво. На крајот имаше и натпревар помеѓу случајно одбраните екипи составени од 4 куглари (2 машки и 2 женски), а победник беше групата на Стефанија Алексовска, кугларката која веќе 2 години е на врвот на женското куглање и ја носи титулата најдобра кугларка за 2022 година.

Similar Posts