Во дербито на третото коло, кугларите на Вардар Б подобри од Пелистер Б
Третото коло од Македонската кугларска лига донесе 4 квалитетни натпревари кои се одиграа саботата, 24 септеври во Мусандра, а од сите натпревари највозбудлив беше дуелот помеѓу Вардар 2014 Б екипа и Пелистер 1982 А екипа.
Пелистер 1982 Б овој натпревар го започна со предност од 2:1 во првиот блок на куглари. Но, Вардар 2014 Б во своите редови го имаше Љупчо Митиќ кој со одлична игра од 3 сета го реши победникот. На крајот Митиќ имаше одлични 560 дрва и беше играч на натпреварот. Овој натпревар заврши 5:3 и само 16 дрва разлика за домаќините. Поените за Вардар покрај Митиќ ги освоија и Стојановски и Гиевски, додека кај Пелистерци, поените ги освоија Ристевски, Колев и Божиновски


А екипата на Вардар 2014 беше домаќин на девојките од Пелистер Пин. Овој натпревар беше без возбудување и битолските девојки немаа сила да освојат ниту еден поен, а вардарци уште еднаш потврдија дека се квалитетен состав за висок дострел оваа сезона. На овој натпревар за истакнување е најдобриот резултат на 3-тото коло од Димитар Димитровски, 598 и кај девојките Андреа Вељановска со 523 дрва.



Третиот дуел беше помеѓу екипите на ГТЦ Мусандра машка и женска екипа. Девојките од Скопје одлично парираа на своите соиграчи од машкиот клуб и успеаа да им украдат 2 поени, со тоа што веќе Данче Наумовска се зацврснува на првото место по просекот од трите натпревари кај девојките. И ова коло Данче е најдобра женска кугларка. Поен кај девојките сепак Наумовска не успеа да освои, но затоа тоа им успеа на Гавриловска Драгана и Милена Петрески. Кај машките од ГТЦ, кугларската легенда Менсур Ајдин имаше одлична игра (584), беше играч на овој натпревар и со втор резултат во колото потврдува дека тешко ќе може да биде победен од помладите куглари. Поени кај машките покрај Ајдин успеаа да земат и Коцев, Димов и Фазлиевски.


Четвртиот дуел беше помеѓу А и Б екипата на Макпетрол. На овој натпревар беа освоени дури 2 поени од Б екипата на Макпетрол и со солидни вкупно 3137 дрва наговестуваат дека ќе играат на победа со останатите Б екипи, но многу лесно може да изненадат и некоја од А екипите. Поените за Б екипа ги зедоа Блажевски и Илијевски, додека за А екипата, Марковиќ, Трпковски, Донковски и тренерот Мемеди кој воедно со 581 беше најдобар играч на овој натпревар.

Повеќе околу официјалните натпревари можат да се видат во Билтенот и записниците
ТОП 3 НА КОЛОТО

Димитар Димитровски
598

Менсур Ајдин
584

Ибрахим Мемеди
581

Данче Наумовска
543

Драгана Гаврилова
533
