Во женското дерби, подобри битолчанките на Пелистер Пин. Останатите дуели од второто коло од МКЛ, предвидливи. ГТЦ на чело на табелата.

Во второто коло од Македонската кугларска лига беа постигнати следните резултати:

 

Дефинитивно, во второто коло најдраматичен беше дерби дуелот помеѓу женските тимови во МКЛ. 

ГТЦ Мусандра (женски) гостуваше на битолчанките од Пелистер Пин, паровите беа интересни и резултатската неизвесност беше до последните 10-тина кугли од натпреварот. Иако домаќинките од Пелистер Пин прокнижија 2 поени и на крајот убедливо го добија натпреварот со 6:2 и 14 дрва разлика, после вториот блок, имаа негатива од 2:2 и 50 дрва разлика што го направи овој натпревар доста атрактивен за гледање, а тоа најдобро го почувствува публиката која со силна поддршка успеа да им даде крилја на битолските кугларки и на крајот да ја зачуваат предноста и да ги земат потребните поени од третиот блок. Играч на натпреварот беше Данче Наумовска со одлични 559 која заедно со Милена Петрески ги зедоа поените кај ГТЦ, додека Стефанија Алексовска, Ивана Трајчевска, Андреа Вељаноска и Емилија Переска поените за Пелистер Пин.

Натпреварот Макпетрол Б и Вардар А, беше чиста формалност со предвидлив исход, она е што за издвојување е одличната форма на Коста Манев кој уште еднаш ја повтори цифрата од 593 на тешката Мусандра и е убедливо на врвот на поединечните просеци. Покрај Коста, поени за Вардар освоија и Димитар Димитровски, Бранко Митиќ, Пецо Димовски, додека за Макпетрол Б, поените ги освоија Воислав Делов и Јоцо Блажевски.

Битолскиот натпревар помеѓу екипите на Пелистер А и Б беше јасен однапред, но на овој натпревар беа постигнати одлични цифри и еден личен рекорд на капитенот на Пелистер, Цане Поповски со 609 дрва, кој воедно е играч на второто коло.

Битолскиот натпревар помеѓу екипите на Пелистер А и Б беше јасен однапред, но на овој натпревар беа постигнати одлични цифри и еден личен рекорд на капитенот на Пелистер, Цане Поповски со 609 дрва, кој воедно е играч на второто коло.

ГТЦ – Вардар Б, исто така очекувана победа на домаќините, ќе се памети одличниот резултат на Менсур Ајдин 564 со кој е и играч на натпреварот. Поените за ГТЦ, покрај Менсур, ги зедоа и Димитар Димов, Игор Коцев и Александар Блажевски додеја кај Вардар Б, поените ги освоија Зоран Ристиќ и Љупчо Митиќ.

Детали околу тековното прво коло од МКЛ 22/23 година, записници од натпреварите и статистика може да се погледнат на следниот линк 

 

Similar Posts