Второто коло од Училишната лига, драматична победа за само едно дрво на екипата на ОУ Климент Охридски од Битола
Второто коло од Училишната лига на Битола донесе големи возбудувања, а дефинитивно најдраматичен натпревар беше помеѓуу ОУ Климент Охридски и ОУ Тодор Ангелевски, кој заврши само за 1 дрво разлика за домашната екипа. Од вкупно 160 кугли кои се земаат во предвид, разлика од само 1 дрво. Фантастично.
Натпреврот помеѓу ОУ Трифун Пановски и ОУ Коле Канински заврши со убедлива победа за гостите. Навистина екипата на Коле Канински изваде одлични куглари и кугларки и засега нивните членови се во горниот дел на табелата во поединечните пласмани, а воедно убедливо водат и во екипните просеци.
Третиот натпревар помеѓу ОУ Даме Груев и ОУ Стив Наумов заврши со победа на гостите.
Во овој момент екипно води екипата на ОУ Коле Канински, второ место е ОУ Стив Наумов, трето е ОУ Тодор Ангелевски
Поединечно, во машка конкуренција води Владимир Талевски од ОУ Коле Канински пред Андреј Апостоловски од ОУ Стив Наумов и Петар Пуровски од ОУ Коле Канински.
Кај девојките во моментот најдобра е Лаура Ангелевска од ОУ Коле Канински пред Емилија Илиевска од ОУ Стив Наумов и Тамара Нешковска од ОУ Коле Канински.
Статистички податоци и записници од второто коло може да се погледнат на следниот ЛИНК