Второто коло од МКЛ без големи изненадувања
Byadmin
Второто коло од МКЛ помина без некои поголеми изненадувања. Во Мусандра, Макпетрол со 8:0 го совлада ГТЦ Мусандра, во Битола, Пелистер 1982 А беше подобар од својата Б екипа со 6:2.
Најинтересно беше во Битола во женскиот дуел каде што се водеше рамноправна битка до 330 кугла каде што натпреварот беше 3:1 за Пелистер Пин и двете екипи имаа еднаков број на дрва. На крајот, домаќинките од Битола не дозволија изненадувања и го завршија натпреварот во последните 30 кугли со преност доволна за победа од 6:2.
Натпреварот Макпетрол Б – Вардар 2014 еодложен и ќе се одига во четврток со почеток во 18.00 часот.
Веќе е активна и официјалната статистика во МКЛ. Сите информации може да се погледнат на следниот линк