Директорот на АМС – Наумче Мојсовски, присутен на КУП-от во куглање
На 08 април, во кугланата Мусандра во Скопје каде што се одржуваше Купот во куглање на Македонија, во посета беше директорот на Агенцијата за млади и спорт – Наумче Мојсовски. Беше остварена и официјална средба со раководството на Федерацијата како и состанок со машката репрезентација и беа договорени конкретни планови за развој на македонското куглање.
Радува фактот што се прават сериозни напори после деценискиот финансиски колапс повторно да се врати Кугларската Федерација на вистинскиот колосек. Ситуацијата воопшто не е лесна, наталожени се децениски разочарувања од лажни ветувања на функционери во минатото, но овој пат со заеднички сили и како Федерација и како АМС ќе се обидеме да излеземе од „маѓепсниот лавиринт“ кој го згаснува македонското куглање и не дава развој на истото.
Куглањето како спорт нуди многу можности, но предуслов е КФСМ да има активна жиро сметка и да може нормално да функционира.