Драматично шесто коло од МКЛ

 

Шестото коло од МКЛ донесе два исклучително драматични натпревари и два натпревари кои беа предвидливи.

Дербито на колото се одигруваше во Битола против силниот Вардар оваа година и Пелистер. Пелистерци со предност од домашниот терен и со невидена атмосфера во публиката за македонски услови, направија амбиент во кој секој куглар би сакал да се натпреварува. Во првиот блок клучен настап имаше поранешниот претседател на Пелистер – Пецо Димовски кој оваа година кугла за Вардар. Пецо имаше 566 кегли и со тој резултат (најдобар во својот клуб) го доби поенот и стекна значајна предност екипно, додека резултатската неизвесност кај пелистерци ја одржа Колев.

Во вториот блок, Вардар беше поставен со своите најсилни поединци Димитровски и Манев и гостите очекуваа натпреварот да биде решен после нивниот настап, со нивни 2 поени и стекнување на недостижна разлика. Но, куглањето како и секој друг спорт донесе драма преку одличните настапи на Андоновски (572, играч на натпреварот и втор резултат во лигата) го доби поенот и Младеновски (547) ој не дозволи најдобриот играч во лигата да му направи разлика што ја зовре публиката и го доведе натпреварот во резултатска неизвесност со 2:2, додека вкупната разлика остана слична и даде можност во последниот блок да се реши победникот.

Третиот блок,  со значителен психолошки набој од неизвесноста на натпреварот, се рефектира на играта на кугларите посебно кај пелистерци. Архан Арслановски како најмлад куглар на натпреварот не го издржа притисокот на натпреварот и беше променет во вториот сет поради лошата игра, додека Дарко Димитровски ја искористи таа лоша игра на противникот и иако вон форма, успеа одлично да изигра два сета и да го внесе натпреварот на сигурно за Вардарци. Поповски успеа да го добие Јанковиќ. Со 3:5, Пелистер ќе ја бара својата шанса за третото место во МКЛ оваа сезона. 

Во Скопје, ГТЦ Мусандра имаше негатива од 3:0 после првиот блок на куглари против втората екипа на Макпетрол. Коцев, Манев Тодор и Димов ги загубија поените против Младеновски, Јакимовски и Мацановиќ. Со таков притисок од 3:0 и 58 негатива, вториот блок беше крајно интересен за гледачите и публиката. Повторно екипата ја извадија одличнте Менсур Ајдин и Александар Блажевски со резултати од 545 и 542 и заедно со Николовски не само што ги зедоа потребните 3 поени од игра, туку и ја достигнаа негативата и успеаа да влезат во позитива од 50 дрва. Со 5:3, ГТЦ ја спаси својата глава и во лигата после есенскиот дел најверојатно ќе остане на 3-тото место.

Првата екипа на Макпетрол се „прошета“ до Битола и очекувано со 8:0 ги доби младите куглари на Пелистер, додека во Скопје, кугларките на ГТЦ не одиграа во својот најјак сосотав и не можеа да се спротистават на машката екипа на Вардар Б која забележа 3-та победа во МКЛ.

Официјален билтен од 6-тото коло на МКЛ ПРЕВЗЕМИ

ШЕСТО КОЛО МКЛ, 22.10.2022

Доколку сакаш повеќе детали за некој од натпреварите, само кликни

ТОП 3 НА КОЛОТО

Дарко Марковиќ

Дарко Марковиќ

578

312561103_632422788516981_7831406968107717629_n

Никола Андоновски

572

20220917_095219(0)

Пецо Димовски

566

IMG-5a9765b420640df60dd99bfc0296a19d-V

Билјана Гаврилова

540

IMG-f6acdf211ceb018004efedcd86a59048-V

Драгана Гаврилова

509

IMG-9e41227e88e5b8162ab506044fc7f6a7-V

Милена Петрески

459

Similar Posts