Започнаа натпреварите од Македонската кугларска лига, сезона 2023/24
После летната пауза, македонските куглари повторно се враќаат на кугларските патеки. Веќе се одигра првото коло од МКЛ, а ако по утрото се познава денот, можеме да констатираме дека драматичноста нема да недостига оваа сезона.
Во дерби натпреварот од првото коло во Битола помеѓу Пелистер 1982 А како домаќин и Вардар 2014, вардарци беа подобри за само 9 дрва и со 5:3 се вратија во Скопје со драгоцен плен од 2 поени на табелата. Свој ден имаше Коста Ристевски кој воедно беше и играч на натпреварот со 579 , Дарко Димитровски и Пецо Димовски одигра одлично. Кај пелистерци добра игра покажаа само Влатко Трајчевски и Никола Андоновски, но тоа не беше доволно за победа.
Уште еден крајно неизвесен натпревар беше одигран исто во Битола помеѓу женската екипа на Пелистер Пин и Макпетрол Б. Девојките од Битола беа во константно водство од 80+ дрва се до 300-тата кугла кога натреварот веќе се решаваше, младите кугларки од Битола не успеаа да го издржат притисокот и рутински да ја зачуваат предноста, па на крајот макпетролци во последните кугли успеаа да го добијат со 5:3 и предност од 20 дрва.
Макпетрол А во Скопје рутински направи тренинг со девојките на ГТЦ Мусандра, додека машката екипа на ГТЦ Мусандра во Битола убедливо го доби домаќинот Пелистер 1982 Б екипа со 6:2