Започна реализација на кугларска училишна лига во Битола

Во Битола започнува уште еден голем проект на КФСМ насловен „Кугларска училишна лига на Битола“ во кој партиципираат ученици од 7 основни училишта од Општина Битола, генерално од 9-то и 8-мо одделение, а КФСМ го реализира проектот со заеднички сили на Федерацијата за училишен спорт на Македонија и Општина Битола од една страна и Сојузот на спортови на Битола и двата битолски кугларски клубови, женскиот Пелистер Пин и машкиот Пелистер 1982.

Во релативен краток временски период се создадоа услови за реализација на овој локален проект кој во 2023 година треба да се примени и во Скопје со крајна цел на есен да прерасне во државно натпреварување.

Секоја екипа е составена од 6 натпреварувачи, 3 машки – 3 женски и секој натпреварувач игра по 10 кугли во полни на секоја од патеките или вкупно 40 кугли. Се кугла со кугли со дијаментар од 140 милиметри. Најдобрите 2 машки и 2 женски резултати се земаат во предвид во екипниот резултат.

Во првото коло беа одиграни два натпревари додека еден натпревар е одложен. Веќе во петок, 16.12.2022 се одигрува второто коло.

Она што беше евидентно на самиот почеток е дека учениците уживаат во овој спорт, забавата при навивањето е огромна, а неизвесноста на натпреварите и драмата во честите промени на предност на една или друга екипа прави едночасовниот натпревар да делува како да е 15 минути.

Во првото коло беа постигнати солидни поединечни резултати, додека екипно, екипата на ОУ Коле Канински видно отскокна од останатите екипи.

Сите детали околу натпреварите, табелата и поединечните достигнувања може да се видат на следниов ЛИНК.

Фото галерија од првото коло и почетокот на Лигата:

Similar Posts