Комплетирано седмото коло од МКЛ

Седмото коло не донесе резултатски изненадувања. 

Според резултатите дефинитивно најинтересно беше на натпреварот ГТЦ Мусандра мажи против Пелистер Пин жени каде за малку не се случи сензација. Младите кугларки од Битола го имаа водството на пола од натпреварот со 2:1 и вкупна разлика, а во вториот дел ја имаа одличната Даниела Ѓуровска која со одлични 540 дрва го направи натпреварот неизвесен апсолутно до претпоследната кугла.  Со веќе добиени сигурни 3 поени, натпреварот се кршеше кај Емилија Переска и Крсте Митевски/Виктор Николовски каде што Емилија имаше водство од 2:1 во сетови и недостигаше само нерешен 4ти сет за натпреварот да биди нерешен. Емилија не успеа со 29 кугла да ја собори прилично лесната позиција и да има последна кугла во полни за победа. Играч на натпреварот беше Менсур Ајдин кој ја врати разликата и донесе 2 поени на својата екипа. Овој натпревар заврши 5:3 за ГТЦ.

Вардарци играа помеѓу себе и секако А екипа го доби натпреварот со 7:1. Забележителни резултати имаа браќата Димитровски, а Димитар со 600-тка ова коло е на чело на македонскиот просек во МКЛ.

Макпетрол екипа А беше убедлив со 6:2 против Пелистер 1982 екипа А. Пелистерци имаа слаб натпревар а поените ги добија Михајловски и Колев, додека играч на натпреварот беше Младен Донковски кој со своите 608 се доближи на самиот врв од МКЛ по поединечни просеци.

Макпетрол Б екипа неочекувано лесно ја доби втората екипа на Пелистерци со максимални 8:0. Играч на овој натпревар беше  Петар Радовиќ со 549 соборени дрва.

Билтен за 7-мо коло од МКЛ

ТОП 3 НА КОЛОТО

Младен Донковски

Младен Донковски

608

20220917_095519
Димитар Димитровски

600

20220917_095424
Дарко Димитровски

581

IMG_1823

Даниела Ѓуровска

540

IMG_1830

Андреа Вељаноска

510

IMG_1847

Ивана Трајчевска

508

Similar Posts