Лицата со попреченост куглаа во Битола под мотото – КУГЛАЊЕ, НОВ ПРЕДИЗВИК

Благодарение на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу КФСМ и Сојуз за спорт и рекрација на инвалиди Битола, на 08.12.2022 беше реализиран турнир каде куглаа членови со попреченост од цела држава, вкупно 40 луѓе.

Она што остави силен впечаток е мотото под кое се одржа овој турнир – КУГЛАЊЕ – НОВ ПРЕДИЗВИК, а натпреварувачите без разлика на својот хендикеп се трудеа брзо да се прилагодат на новиот предизвик. Имавме и слепи и глуви лица и лица со телесен инвалидитет и машки и женски. Имаше многу насмевки, задоволство на лицата, кај оние поамбициозните и малку нервоза зошто не се најдобри, а оние најдобрите навистина „летаа во облаци“. Феноменално и незаборавно искуство.

Со овој натпревар ги доближуваме кугланите во Македонија за лицата со попреченост и наскоро очекуваме ваков натпревар да се направи во Мусандра или Борис Трајковски и во кугланата во хотел Дрим во Струга, а со овие активности се отвораме кон Европа со можност во наредниот период да пратиме македонски претставници да се натпреваруваат на Европското првенство за слепи лица или сличен вид на натпреварување за лицата со попреченост.

Кугларската Федерација оваа активност ја реализира благодарение на помошта и ассистирањето на Тоде Ристевски од к.к. Пелистер 1982, Стефанија Алексовска, Ивана Трајчевска и Даниела Ѓуровска од Пелистер Пин од Битола.

Similar Posts