Македонската машка кугларска репрезентација ја отвори кугланата во Ниш, 2:6 против Србија
Во исклучително пријателска атмосфера, со високи гости од политичкиот живот на Србија, на 13.12.2023 година, беше отворена новата кугланата во градот Ниш, Србија, куглана која е најблиска странска куглана за нас.
Честа беше наша, токму првиот натпревар на кугланата во Ниш да го одиграме со нашиот северен сосед и еден од најсилните машки колективи во Европа.
Пред почетокот, по интонирањето на двете химни, се разменија поклони во знак на пријателство помеѓу претседателите на двете федерации, со тоа што домаќините приредија пријатно изненадување за Ристо Петров, истакнат македонски кугларски работник, кој беше награден со плакета за долгогошен развој на меѓусебната соработка.
Селекторот Димитар Димитровски излезе со следниот состав:
1. Урош Стоклас, 2. Сашо Трпковски, 3. Димитар Димитровски, 4. Душко Ајдин, 5. Младен Донковски, 6 Пецо Димовски. Свој настпап имаа и уште двајца македонски репрезентавци 7. Александар Младеновски и 8. Владимир Даниловски.
Резултати од официјален натпревар со 6 лица
Резултати од натпревар со 8 лица
Првиот блок одлично започнаа Стоклас и Трпковски, Трпковски го зеде и поенот, а вкупната предност после првиот блок беше вкупно +20 дрва за нас и 1:1.
Вториот блок, Димитровски со 2:2 го доби Ковачиќ, а Ајдин загуби од Лончаревиќ, со тоа што имавме 2:2 и разлика од +3
Третиот блок, заклучно со третиот сет, Донковски и Димовски, имаа и двата предност од 2:1 во сетови и вкупна разлика на натпреварот од +35 дрва. Но, домаќините успеаа да го свртат натпреварот во последните 15 кугли, кај нас недостигаше смиреност во самата завршница, можеби и малку спортската среќа, а дефинитивно недостигаат тешки натпревари, па на крајот загубивме со вкупно 12 дрва и 6:2.