Македонските куглари во последен момент се пријавија за учество на Светско првенство – Вараждин, 2023

Куглањето е магија сама по себе, но она што денес се случи, ретко се гледа во македонскиот спорт. 

Без разлика на тешките услови и донесената конечна одлука на КФСМ да не биде пријавено учество на идното Светско екипно првенство поради финансиски проблеми, денес, македонските кугларски репрезентативци со свои лични средства, обединети во желбата за настап за својата земја, го сменаа текот на настаните. 

Во последен момент од страна на Претседателот на КФСМ беше ургирано во светската кугларска федерација и благодарение на претходните високи достигнувања на македонските репрезентативци е дозволено задоцнето пријавување и МАКЕДОНИЈА ќе ја има на СВЕТСКО. Пријавени се и машка и женска сениорска репрезентација.

Сета оваа челична воља се очекува да биди препознаена од АМС и МОК и очекуваме дека ќе заврши позитивно.

Ждрепката за групите ќе биде на 30.10.2022 во 16.30 во Чешка, а истата ќе може да се следи на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=ZbhpnrMoiN

 

Денес беше и презентиран планот и датата за официјалниот пријателски натпревар на машката и женската сениорска репрезентација на Босна и Херцеговина која е веќе закажана на 03 декември на новата куглана во Битола. Тоа ќе биде прва контрола на формата на нашите најдобри куглари и кугларки.

Similar Posts