Македонските U18 надежи, одлично се претставија на турнир во Ковачица – Србија
Во Ковачица, Србија, на 17 и 18 декември, екипата Славиа беше домаќин на силен меѓународен кугларски турнир до 18 години каде што учествуваа куглари и кугларки од Србија, Хрватска, Словачка, Македонија и млади од домашната екипа.
Македонската делегација беше составена од: Стефанија Алексовска, Андреа Вељаноска и Ивана Трајчевска од кк Пелистер Пин и Архан Арслановски, Кристијан Николовски и Дарко Јовановски од кк Пелистер 1982. Делегацијата ја предводеше Селекторот на младинските репрезентации – Игор Михајловски.
Кугланата беше одлично спремна, а респектабилните имиња во составите (неколку носители на медали од Светски младински првенства) беше гаранција дека нема да недостига компетитивен дух помеѓу натпреварувачите.
Форматот на екипите беше невообичаен 3 машки + 3 девојки. Првиот ден се играше екипно каде што се собираа резултатите од машките и девојките од секоја од земјите, додека вториот ден се играше спринт, квалификации и 1/4, 1/2 и финале.
Беа постигнати следните резултати:
Она што радува се одличните резултати на македонските натпреварувачи. Беа постигнати лични рекорди на Андреа, Кристијан, Ивана, Дарко




Екипно од сите 6 резултати бевме на 3то место зад Хрватска и Словачка. Во женска конкуренција бевме најдобри пред Хрватска и Словачка додека во машка бевме на трето место.
Поединечно Андреа и Стефанија беа на второ и трето место кај девојките.

Во спринтот, согласно квалификациите, играа најдобрите 8 резултати во машка и во женска конкуренција. Таму, во машка конкуренција на прво место беше Архан Арслановски кој во финалето победи на пенали, додека Стефанија Алексовска беше на третото место.
Севкупно, впечатокот од настапите е одличен и оваа активност одлично дојде како контрола на формата на Андреа и Стефанија кои треба да куглаат во Ријека на Светскиот Куп.

