Макпетрол победник на КУП-от и првенството на Македонија за 2022

Кугларскиот клуб Макпетрол од Скопје е победник на КУП-от на Македонија во куглање кој се одржа во Битола на 09 април 2022 година. 

Беа постигнати следните резултати:

  1. Макпетрол А – 3400 соборени дрва
  2. Пелистер 1982 – 3243 дрва
  3. Макпетрол Б – 3221 дрва
  4. ГТЦ Мусандра – 3128 дрва
  5. Империал Тобако ТКС – 3118 дрва

Откако минатата сезона екипата на Вардар приреди сензација и за првпат во клупската историја стана кугларски шампион на Македонија, најтрофејниот во овој спорт Макпетрол, експресно се врати на врвот и со двојна круна ја заврши сезоната 2021/22.

Пред неколку седмици ја обезбедија својата 21-ва титула во домашниот шампионат, а во саботата „пумпашите“ триумфираа и во Купот на Македонија. Во новата битолска куглана пет македонски екипи се бореа за Куп-трофејот, кој на крај заврши во рацете на кугларите на Макпетрол.

Воден од одличните Јаглишиќ (620) и Марковиќ (580), скопскиот клуб со вкупно 3.400 соборени дрвца беше најуспешен на турнирот, на второто место заврши домашниот тим на Пелистер со 3.243, па следуваа Макпетрол Б, ГТЦ и Империјал.

По завршувањето на турнирот и по доделувањето на наградите, беа прогласени и најдобрите екипи во домашниот шампинат. Кај мажите, шампионскиот трофеј го доби Макпетрол, а Пелистер е вицешампион, додека во женска конкуренција шампион е Пелистер Плин А. Трофеите ги додели претседателот на Кугларската федерација на Македонија, Предраг Николиќ.

Макпетрол оваа година го прослави 45-от роденден, кој е зачинет со двојна круна и без ниту еден пораз.

 

 

Similar Posts