Макпетрол со недостижна предност во македонската кугларска лига
Со комплетирање на 14-то коло од Македонската кугларска лига, дилемата околу првото место веќе е разрешена. Макпетрол е идниот шампион за сезона 2022/23 година.
Во дуел со ГТЦ, на Мусандра, нафташите успеаа да соборат 3466 кегли, што е ретка глетка на скопската куглана и воопшто во македонската кугларска лига оваа сеозна. Детали околу овој натпревар може да се погледнат ОВДЕ. Со овој натпревар покрај тоа што значително се одделија од второпласираната екипа во лигата, потврдија и дека шампионската титула сосема заслужено ја имаат оваа година.


Кугларскиот клуб Вардар 2014, во моментот е на комотното второ место иако зауби поен неочекувано од ГТЦ, а Пелистерци својата шанса за второ место на табелата ќе ја бараат со победа над Вардар во 15-то коло од 6-2 на гостинска куглана и најмалку нерешен резултат со Макпетрол А.
Екипата на ГТЦ Мусандра гледа шанса за трето место, но најпрво треба да ја победи екипата на Макпетрол Б , а потоа да чека лош резултат на Пелистер во дуелот со Б екипата на Макпетрол.
Што се однесува кај жените, битолската екипа на Пелистер Пин е убедливо пред екипата на ГТЦ Мусандра.
Детали околу македонската кугларска лига за секое изминато коло може да се погледни на следниот ЛИНК



