Макпетрол шампион за 2023/24 година кај мажите, Пелистер Пин шампион кај жените

Сезоната 2023/24 година во Македонската кугларска лига (МКЛ) не донесе многу возбудувања. Кај мажите екипата на Макпетрол А беше убедливо доминантна над останатите екипи и со 100% победи во регуларниот дел (14) и во Плејофот (6), со 20 победи и без ниту еден пораз заслужено е на тронот.

Второто место кај мажите во МКЛ припадна на екипата на Вардар 2014 додека третопласирана беше екипата на ГТЦ Мусандра. Оваа сезона изненадување приреди екипата на Макпетрол Б која успеа да се пласира во Плејофот итоа како третопласирана екипа, но на крајот мораше да се задоволи со четврото место во лигата. Двете битолски екипи на Пелистер 1982 се пласираа на петто т.е. шесто место  

Кај девојките пак, кои и оваа сезона 2023/24 играа заедно со машките колеги во МКЛ, донесе голема изедначеност и скоро еднаков кугларски квалитет, со тоа што битолчанките имаа блага предност од првата полусезона и за само еден поен беа подобро пласирани од своите колешки од екипата на ГТЦ – Мусандра. 

Similar Posts