Младен Донковски и Данче Наумовска најдобар куглар и кугларка во МКЛ за 2023/24 година
Во Македонската кугларска лига (МКЛ) во сезоната 2023/24 година се одиграа вкупно 20 натпревари за мажите и вкупно 14 натпревари за жените. Согласно официјалната статистика која оваа година грижливо ја водеше Владан Мацановиќ, на кого јавно му укажуваме благодарност за одлично сработената работа, истата може да се погледне ОВДЕ
Најдобар куглар е Младен Донковски од Макпетрол А, кој во МКЛ 23/24 имаше вкупно 15 настапи, одигра 58 сетови (14,5 натпревари) со просек од 578,28 дрва (377,86 во полни, 200,41 во чистење) со просечни 0,9 празни по натпрервар. Освоил 47 сетови, 13,5 поени и учинок од 93,1 % кога се во прашање освоените поени за својата екипа.
Најдобра кугларка е Данче Наумовска од ГТЦ Мусандра, која во МКЛ 23/24 имаше вкупно 13 настапи, одигра 52 сетови (13 натпревари) со просек од 525,15 дрва (352,54 во полни, 172,62 во чистење) со просечни 4,77 празни по натпрервар. Освоила 21 сетови, 5 поени и учинок од 38,46 % кога се во прашање освоените поени за својата екипа.