Младен Донковски и Стефанија Алексовска – државни сениорски прваци за 2022 година
Сениорското првенство на Македонија во поединечна конкуренција беше одржано во кугланата Мусандра во Скопје на 16 април 2022 година.
Форматот кој беше одбран за ова натпреварување беше 2х120 кугли во еден ден. Со тоа што во квалификации влегоа најдобрите 6 пласирани машки натпреварувачи и 4 најдобри женски.
Според постигнатите резултати, убедливо во машка конкуренција и во квалификациите и во финалето беше најдобар кугларот на кк Макпетрол, Младен Донковски. Кај мажите второ место беше Пеце Димовски од Пелистер 1982 и трет Ибрахим Мемеди од кк Макпетрол.
Кај женските најдобро постигнување и во квалификациите и во финалето во женска категорија беше Стефанија Алексовска од жкк Пелистер Пин, втора беше Ивана Трајчевска исто од битоскиот клуб, додека бронзена беше Данче Наумовска од ГТЦ Мусандра.