Општина Прилеп заинтересирана за нова куглана
На 06.09.2022 година во Кабинетот на Градоначалникот на Општина Прилеп беше остварена официјална посета на претседателот на КФСМ – Игор Михајловски и Борче Јовчески, Градоначалник на Општина Прилеп.
Прилеп е град кој во минатото имал куглана, но поради пожар на спортската сала во која беше сместена и кугланата, трагично стата изгорела и со тоа од 80-тите години на минатиот век овој спорт едноставно изумрел во Прилеп.
Од страна на Михајловски беше образложено за предностите, можностите и потребата на Општина Прилеп да се здобие со модерен кугларски објект. Градоначалникот Јовчески беше подготвен за оваа средба, дополнителна предност е што истиот е спортист и имал куглано во старата прилепска куглана што значително го забрзува процесот на донесување на одлука за еден ваков објект (4 стазна куглана) да влезе во идните активности.
Во иднина, тимот кој ја предводи КФСМ ќе оствари контакти со повеќе општини како од источниот дел на Македонија, така и од западнит и ќе се направат напори во координација со Агенцијата за млади и спорт да се збогатиме како држава барем со уште неколку куглани шитум земјата и да го прошириме спортот надвор од Скопје и Битола.

