ОУ „Коле Канински“ победник во Училишната кугларска лига на Општина Битола – 2022
Месец декември помина во знак на Училишната кугларска лига на Општина Битола. Во месец октомври и ноември беа подготовителните тренинзи. Учество зедоа 7 основни училишта од Битола и настапија вкупно 56 ученици од 9-то и 8-мо одделение. Беа одиграни вкупно 21 натпревар организирани во 7 кола. Се куглаше само во полни постави 10х4, со 140мм кугли. Секоја екипа имаше вкупно 240 кугли и 30 кугли за загревање.
Веселата математика говори дека беа исфрлани во официјалниот дел на Училишната кугларска лига на Битола вкупно 11.340 кугли и беа срушени вкупно 23.996 дрва. Фантастични бројки.

Во екипна конкуренција, убедливо со 18 поени и 6 победи од 6 натпревари беше екипата на ОУ КОЛЕ КАНИНСКИ, екипата на ОУ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ беше втора со 15 поени со 5 победи од 6 натпревари и трети беа ОУ Тодор Ангелевски кои во последното коло остварија победа над ОУ СТИВ НАУМОВ кој се пласира на четврото место.


Во поединечна конкуренција во машка конкуренција победник беше Владимир Талевски, втор Петар Пуровски и трет Андреј Апостоловски, додека кај девојките најдобра беше Лаура Ангелевска, Емилија Илијевска беше втора додека на трето место се пласира Антониа Стојковски


Наградите и признанијата на најдобрите три екипи и најдобрите тројца поединци во машка и женска конкуренција ги доделија ДИМЧЕ МИНОСКИ и АЦО КИМОВСКИ како претставници на Сојузот на спортови на Битола, МИХАЈЛО ТРАМПЕВСКИ како претставник од Федерацијата на училишен спорт, ИГОР МИХАЈЛОВСКИ, како претставник на КФСМ и жкк Пелистер Пин – Битола и ВЛАТКО ТРАЈЧЕВСКИ како претставник на кк ПЕЛИСТЕР 1982 – Битола
Детали околу Училишната лига може да погледнете на следниот ЛИНК
И секако неизбежната фото сесија со нашите млади куглари и кугларки