Aмбасадорот на БиХ ги отвори натпреварите помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина

После долго време, КФСМ создаде услови да биди одигран официјален пријателски натпревар помеѓу најдобрите состави на Македонија и Босна и Херцеговина во машка и женска категорија.  Натпреварите беа во Битола на битолската куглана која што неодамна доби меѓународна лиценца и се овозможија услови да има натпревари од ваков вид што е за прв пат во кугларската историја на Македонија, ваков дуел да се прави надвор од Скопје. Двата натпревари се регистриран во WNBA NBC (светска кугларска федерација – секција за 9 дрва) и ги водеше главниот судија Дарко Лацковиќ – NBC меѓународен судија.

Натпреварите ги отвори Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, НЕ Драан Јаќимовиќ, кој со своето присуство даде уште поголема тежина на овие два натпревари. Воедно истиот и куглал а кугланата во Бања Лука, па пријатно не изненади со своите кугларски вештини.

Селекторот на македонската женска сениорска репрезентација – Перо Гијевски се одлучи за следниот состав: Ивана Трајчевска, Андреа Вељаноска и Стефанија Алексовска, членови на ЖКК Пелистер Пин од Битола и Билјана Гаврилова, Драгана Гаврилова и Данче Наумовска од ЖКК ГТЦ Мусандра. Додека во ревилјаниот дел играа Даниела Ѓуровска и Емилија Переска од Пелистер Пин и Милена Петрески од ГТЦ Мусандра.

Во еден крајно интересен натпревар, со резултатска неизвесност до последните кугли, македонските кугларки на крајот успеаа да издвојуваат убедлива победа од 5.5: 2.5 поени, гледано во поени, но со само  11 дрва разлика во предност на Македонија. 

Записникот може да се виде ОВДЕ

Неочекувано, Ивана Трајчевска направи огромна предност над искусната Перишиќ, која се испостави како клучна, Андреа Вељаноска успеа да земе 0.5 поен против Едина Ковачевиќ, Биба и Драгана Гаврилови не успеаа да парираат на нивните противнички, додека на крајот најдобрите наши поединки Стефанија Алексовска и Данче Наумовска со одлична игра во третиот блок, носени на крилата на енергичната битоска публика, успеаа и да го финализираат натпреварот во корист на Македонија. 

Данче со убедливи 4:0 ја совлада Маја Ковачевиќ и беше најдобра кугларка во македонскиот состав, додека Стефи иако започна лошо во првиот сет, успеа да добие 3 сетови над одличната Сања Мајхен, што беа доволни за потребниот поен иако Сања имаше повеќе дрва и ја доби титулата најдобра кугларка на натпреварот.

Кај мажите, Селекторот на македонската сениорска репрезентација – Димитар Димитровски се одлучи за следниот состав: Ибрахим Мемеди, Младен Донковски,  Сашко Трпковски од Макпетрол и Димитар Димитровски, Пецо Димовски од Вардар вклучувајќи го и интернационалниот куглар Дамир Фучкар. Во ревијалниот дел беа Дарко Димитровски и Душко Ајдин.

Во еден неизвесен дуел, крајно изедначен, на крајот го загубивме со 5:3. Записникот може да се виде ОВДЕ

 Во првиот блок, Ибрахим Мемеди иако имаше водство од 2:0, не успеа да го добие поенот против Иван Петриќ, додека Селекторот и најдобар играч на мечот за македонскиот тим – Димитар Димитровски, со 3:1 и +56 над Немања Галиќ успеа да обезбеди предност во првиот блок.
Во вториот, Донковски изигра свој најдобар резултат на битолската куглана и доби со 3:1 додека Пецо Димовски не успеа да земи сет против Нермин Хрустемовиќ кој имаше животна партија и постави рекорд на битолската куглана од 638 дрва.
Во третиот блок, искусните Трпковски и Фучкар требаше да го спроведат натпреварот во наша полза, но за жал Дамир Фучкар, легенда на европското куглање, не успеа баш најдобро да се снајде на патеките и со неочекуван лош резултат за него од 535 дрва, стави точка на натпреварот иако Трпковски го доби својот противник со 3:1. Натпреварот заврши 3:5 (3410:3441).
 

 

На свеченото отворање кога имаше и интонирање на националните химни и поздравни говори од присутните беа доделени и неколку признанија и благодарници.

Од страна на Претседателот на КФСМ – Игор Михајловски беше врачена Благодарница на Дамир Фучкар за огромниот придонес кој го направи за македонското куглање, со добивањето на македонски пасош во 2002 година и цели 20 години и како репрезентативец и како тренер и селектор, но и како голем познавач на кугларската игра се вложи да помогне колку што може Македонија да биде подобра на големите натпреварувања. –

Беше доделена и Благодарница на Тони Коњановски, Градоначалник на Општина Битола за поддршката која Општината ја дава за кугларскиот спорт

Беше доделена и Благодарница за реновирањето на кугларскиот објект во Битола и поставување на новата кугларска опрема која овозможи развој на македонското куглање генерално во Македонија на Наташа Петровска, Градоначалник на Општина Битола (2017-2021)

Беше доделена и Благодарница на Почесниот Конзул на Босна и Херцеговина – г-ѓа Билјана Дамјановска – Дамчевска за организација во поглед на реализирањето на натпреварот помеѓу двете репрезентации на Македонија и Босна и Херцеговина

Беа потпишани и два Меморандуми. Првиот по повод 03 декември – Денот на лицата со попреченост, за соработка помеѓу КФСМ и Сојузот на спорт и рекреација на инвалидни лица претставувана од Оливера Наковска Бикова. Вториот со Сојуз на спортови на Битола, претставувана од Сашко Павловски. И со двете организации ќе бидат спроведени заеднички активности во наредниот период.

Претседателката на Комисијата за маркетинг при КФСМ – Мери Јанева – Анѓлов, беше присутна во Битола и додели плакета на најдобра кугларка

Во еден друг амбиент, надвор од кугларските патеки, во ресторанот Премиер, Гордана Цветковска – Бошевска, Раководител за спорт во Општина Битола ја додели наградата за најдобриот машки куглар на Нермин Хрустемовиќ кој го постави и новиот рекорд во Битола

 

Similar Posts