Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КФСМ и СРИ Гази Баба – Скопје
Byadmin
На еден од најсвечените чинови, доделувањето на наградите за МКЛ и Куп напреварувањето, во присуство на најдобрите куглари и кугларки од земјата, во Скопје, во Мусандра на 08 април 2023 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу македонската кугларската федерација и Здружението за спорт и рекреација на ивалиди од Гази Баба – Скопје.
Со Меморандумот се остварува продлабочување на соработката помеѓу двата субјекти и реално се отвораат можности Кугларската Федерација да организира систем на натпревари за инвалидни лица на државно ниво.
Меморандумот го потпишаа Игор Михајловски, претседател на КФСМ и Гоце Миновски, претседател на СРИ Гази Баба – Скопје

