Пропозиции за државно U23 и U19 првенство
Byadmin
Државните младински првенство ќе се играат во Битола од 16 декември до 27 декември
Право на настап имаат сите куглари и кугларки согласно возрасната категорија (до 23 години и до 19 години).
Ќе се играат 2 квалификациски натпревари (2х120) и најдобрите 2 натпреварувачи во машка и во женска категорија кои ќе имаат најдобар вкупен скор ќе играат мајсторка еден против друг (дуел игра – на поени) на 2 добиени натпревари (макс 3 натпревари).
Државните прваци ќе добијат 50 поени при рангирањето од Селекторот за учество на Европско U23 првенство во Апатин 2025.