Разиграна статистика за МКЛ 2023/24

Сезоната 2023/24 година за МКЛ имаме одлична статистика, па малку се заигравме и истата ќе ја објавиме

1. Најдобар куглар на двете куглани во МКЛ 23/24 е Младен Д, втор Дарко М, трет Сашо Т сите од Макпетрол А. Најдобра кугларка е Данче Н од ГТЦ Мусандра, втора Стефанија А и трета Андреа В, двете од Пелистер Пин. Види ОВДЕ

2. Најдобар куглар во Мусандра во МКЛ 23/24 е Младен Д, втор Дарко М, трет Сашо Т сите од Макпетрол А. Најдобра кугларка е Данче Н од ГТЦ Мусандра, втора Стефанија А и трета Ивана Т, двете од Пелистер Пин. Види ОВДЕ

3. Најдобар куглар во Боро Чурлевски во МКЛ 23/24 е Дарко Д. од Вардар, втор Сашо Т, трет Младен Д, двата од Макпетрол А. Најдобра кугларка во Боро Чурлевски е Данче Н од ГТЦ Мусандра, втора Стефанија А и трета Андреа В. двете од Пелистер Пин. Види ОВДЕ

4. ОДИГРАНИ СЕТОВИ – Менсур А, е кугларот кој одиграл најмногу сетови т.е. вкупно 80 што е 100%, втор Ивица М со 76 и Андреa П со 75. Кај жените, најмногу одиграла Стефанија А и Билјана Г со 56 сетови, што е 100% и трета  Мирјана М со 53 сета. Види ОВДЕ

5. НАЈДОБРО ЧИСТЕЛ – Младен Д е единствен куглар кој преминал просек над 200. Втор Дарко М и Сашо Т. Кај жените Стефанија А со 173,79, втора Данче Н и трета Андреа В.  Види ОВДЕ

6. НАЈМАЛКУ ПРАЗНИ – Најмалку празни имаат странците во лигата. Прв Дарко М со 0,82 по натпревар, втор Милош Р. трет Младен Д. Кај жените Стефанија А со 4,21 втора Данче Н и трета Андреа В.  Види ОВДЕ

7. НАЈДОБАР ВО ПОЛНИ – Прв Младен Д со 377,86, втор Игор Б, трет Дарко М . Кај жените Данче Н најдобра со 352,84, втора Андреа В. трета Стефанија А, Види ОВДЕ

8. НАЈДОБАР ПРОЦЕНТ ВО ДОБИЕНИ СЕТОВИ – Прв Владимир Д со 84,44 %, втор Младен Д, трет Цане К. Кај жените Ивана Т најдобра со 52,38%, втора Андреа В, трета Данче Н. Види ОВДЕ

9. НАЈДОБАР ПРОЦЕНТ ВО ДОБИЕНИ ПОЕНИ – Прв Владимир Д, втор Игор Б и трет Ибрахим М сите со неверојатен 100% учинок.  Кај жените Андреа В најдобра со 44%, втора Данче Н, трета Драгана Г. Види ОВДЕ

Similar Posts