Среда, 28.12.2022, се игра последното 7 коло од Училишната кугларска лига на Општина Битола

Училишната кугларска лига на Општина Битола се играше интензивно деновиве со тоа што во претходната недела се одиграа три натпревари, а во оваа недела се одигруваат два меча и лигата официјално заавршува во среда на 28.12.2022 кога ќе се одигра последното 7-мо коло.

Веќе победникот е јасен, а тоа е екипата на ОУ Коле Канински, екипа која отскокнува со просекот на своите натпреварувачи и единствена екипа во лигата која ја надмина бројката од 700 вкупно соборени дрва, итоа им успеа на три пати. Тие како екипа се неприкосновени со 5 од 5 победи и имаат 15 поени и се фаворити против екипата на ОУ Елпида Караманди.

Второто место, доколку не се случи некое чудо би требало да им припадне на ОУ Климент Охридски кој во последното коло е фаворит против екипата на ОУ Трифун Пановски. Климент имаат 12 поени.

Но, борбата за третото место ќе го донесе победникот на натпреварот помеѓу ОУ Тодор Ангелевски и ОУ Стив Наумов. И двете екипи имаат по 3 победи т.е. 9 поени на табелата. Стив Наумов имаат подобри екипни резултати и можеби се благ фаворит, но Тодор Ангелевски е екипа која имаше две тесни победи и одлично се носи со психолошкиот притисок од неизвесност на еден натпревар.

Информации за ПОЕДИНЕЧНИ достигнувања на младите куглари и кугларки од училишната лига на Битола може да се видат на следниот ЛИНК

Секако, стрната на УЧИЛИШНАТА КУГЛАРСКА ЛИГА НА БИТОЛА 2022 можете да ја посетите на следниот ЛИНК 

Малку фотографии од натпреварите 

Similar Posts