Стефанија Алексовска и Андреа Вељаноска, најдобар женски пар

Во Битола, на 26 ноември беше одржано Државно првенство за сениорки во куглање, дисциплина парови. Играа заедно со машките парови. 

Беа пријавени вкупно 5 женски парови или вкупно 10 натпреварувачки од двата женски клубови кои се натпреваруваат во МКЛ.

Она што израдува е одличната форма на младата Стефанија Алексовска од Пелистер Пин која со одлични 576 (207) од вкупно 47 натпреварувачи кои настапија вклучувајќи ја и целосната машка и женска сениорска репрезентација, беше на неверојатно високото трето место во поединечни достигнувања. Стефанија заедно со Андреа Вељаноска заслужено беа на пиедесталот.

Второто место беа искусните Данче Наумовска и Билјана Гаврилова од ГТЦ Мусандра, додека на трето место завршија Ивана Трајчевска и Даниела Ѓуровска од Пелистер Пин.

Признанијата за најдобрите женски парови ги додели претседателката на Советот на Општина Битола – Габриела Илиевска.

Детали околу женските резултати може да се видат ОВДЕ

Similar Posts