Урош Стоклас – пречекан во Скопје на високо ниво
На 31.08.2023 година, Урош Стоклас застана во Скопје , во кугланата Мусандра, како точка за одмор од својот проект „Мојот златен пат“, активност со 2023 километри извозени на велосипед и 6 натпревари на 6 различни куглани ширум Ју – просторите. Тоа се куглани каде што Стоклас се закитил со злато на големите натпреварувања.
Секако, македонската кугларска федерација со задоволство го прифати овој настан и на највисоко ниво го организираше настанот во кугланата Мусандра, со поддршка на Град Скопје. Стоклас беше пречекан на граничниот премин Табановце од страна на Андрејa Палковски со група македонски велосипедисти. Настанот го модерираше Мирјана Младеновска.
Во чест на овој настан, вкупно 17 куглари и кугларки одиграа официјален натпревар. Имавме претставници на лицата со телесен инвалидитет, македонски репрезентативки од двата женски клуба од Скопје и од Битола и машките репрезентативци и куглари од скопските екипи. Во онаа најатрактивна група каде што куглаше и самиот Урош беа: Тодор Манев, Сашо Трпковски, Младен Донковски, Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски.
Претседателот на КФСМ, Игор Михајловски, во името на Кугларската Федерација додели Плакета за посебни заслуги на Стоклас и една јавна благодарност за сите одиграни натпревари за Македонија, додека Заменик Градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски го отвори официјално настанот.