Фаворитите во 5-тото коло од МКЛ убедливи со максимални поени
Byadmin
После неделната пауза од европските купови, МКЛ продолжи со 5-тото редовно коло кое не донесе некое изненадување. Од можни 4 дуели, се одиграа 3 во Мусандра и фаворитите остварија победи со максимална разлика од 8:0, додека дуелот против Вардар 2014 А и Пелистер 1982 Б е одложен.
За одбележување е одличниот резултат на Донковски од Макпетрол со 602 дрва и Вељаноска од Пелистер Пин со 530 која е и кугларка на колото.