Што говори статистиката за македонската кугларска лига – сезона 2022/23
Byadmin
Во секој спорт, а посебно во куглањето преку статистиката може да се видат многу елементи за секој натпреварувач поединечно како и за секоја екипа со сите специфики. Податоците се грижливо обработени од страна на Душко Ајдин и овозможуваат дополнителни анализи на кугларските тренери, а во моментот сеуште се обработуваат податоците.
Најдобар играч кај машките во МКЛ е убедливо Димитар Димитровски со 594 дрва член на Вардар, втор е Младен Донковски со 579 и Дарко Марковиќ со 565 дрва и двата од Макпетрол.



Кај женските убедливо прва е Стефанија Алексовска од Пелистер Пин со 536 дрва , втора е Данче Наумовска со 522 и Билјана Гавриловска со 514 дрва и двете од ГТЦ Мусандра


