ТАБЕЛА ОД МАКЕДОНСКА КУГЛАРСКА ЛИГА 2022/23

Кугларски клубНАТПОБПОРНЕРП+П-П-РБОДОВИ
ГТЦ МУСАНДРА - мажи3300177106
МАКПЕТРОЛ - А екипа мажи220012484
ВАРДАР 2014 - А екипа мажи321016884
ВАРДАР 2014 - Б екипа мажи3210141044
ПЕЛИСТЕР 1982 - А екипа мажи211011562
МАКПЕТРОЛ - Б екипа мажи31201113-22
ПЕЛИСТЕР ПИН - жени3120717-102
ПЕЛИСТЕР 1982 - Б екипа мажи2020313-100
ГТЦ МУСАНДРА - жени3030519-140

МАКЕДОНСКИ КУГЛАРСКИ КЛУБОВИ

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Бројни настапи во различни временски периоди и различни генерации на куглари и кугларки. Селектори кои дале огромен придонес кон градењето на националните тимови во различни возрасни категории биле Александар Атанасовски (Мац), Менсур Ајдин и Дамир Фучкар.

Македонски најголем екипен успех

Светски вице-шампиони на Светското првенство 2013 во Унгарија

На светското првенство во куглање, 2013 година, одржано во Унгарија, македонската сениорска машка  репрезентација го постигна најголемиот успех во историјата на македонското куглање,  освојувајќи го второто место. 

Македонските куглари во националниот дрес редовно не претставуваат на големите светски првенства

Како ретко во кој друг спорт, македонски најдобри куглари се дел од големите светски првенства, екипни или поединечни. Иако кугларската федерација во последната деценија се соочуваше со сериозни финансиски проблеми, секогаш се наоѓаше начин да пратиме македонски репрезентативци на СП, најчесто теретот го носеа кугларските клубови.

 

ФЕДЕРАЦИЈАТА НИЗ БРОЈКИ

0
Години постоење
0 +
Регистрирани куглари
0
АКТИВНИ ПАТЕКИ ВО МОМЕНТОТ
ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТИ НА МАКЕДОНСКАТА КУГЛАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА

Отворени можности за сите добронамерни љубители на спортот

Кугларската Федерација на С.Македонија се отвора кон пошироката јавност и нуди соработка во повеќе области. Располагаме со млади, едуцирани и амбициозни лица и веруваме дека со вмрежување на нашите потенцијалиможеме да направиме чуда. Доколку се пронаоѓате во нашите приоритети, Ве охрабруваме  да ни се придружите. 

KUGLARSKA FEDERACIJA NA REPUBLIKA SEVERNA MAKEDONIJA

PIC NUMBER: 890880690

Обезбедување на услови за непречена работа и настап на македонските репрезентативци на светските и европските првенства

Нормално финансиско работење после децениски финансиски колапс и можност за планирање на активности најмалку 2 години оданпред

Носење на што поголем број на млади лица на кугланите низ Македонија и перманенти едукации на македонските кугларски тренери за правилна работа со талентираните спортисти.

Време е куглањето конечно да се прошири во поголемите македонски градови и а се овозможи на поголема група на луѓе да се занимаваат со овој племенит спорт.

Подобрување на третманот кој го имаат македонските куглари и кугларки од страна на надлежните институции и подобро пласирање на нашите активности во пошироката јавност.

Фокусот во наредните 8 години ќе бидат млади куглари и нова спортска енергија која ќе даде свој белег и ќе се воспитува да живее за овој преубав спорт како што е тоа случај со денешната генерација на куглари и кугларки.

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ

КУГЛАРСКИ ПРИЈАТЕЛИ

Вистински пријател е некој кој е тука за Вас, кога никој друг веќе не е