ЗА НАС

Почетоци

Македонската кугларска федерација - формирана 1973 година

Официјалното формирање на единствен кугларски државен Сојуз на Македонија, подоцна и Кугларска Федерација е 31.01.1973 година. 

Кугларската Федерација на С.Македонија (КФСМ) ги обединува сите регистрирани кугларски клубови во земјата и е главен двигател на развојот на кугларскиот спорт и бројните кугларски активности. 

КФСМ е активен член во WNBA NBC – Светска кугларска федерација.

Во организација на КФСМ се меѓународните настапи на македонските репрезентации, македонската кугларска лига, КУП натпреварувањата, државните поединечни и паровни натпреварувања, кугларски проекти и сл.

Администрација

Основни податоци

КУГЛАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Адреса: Сала Работнички – Градски парк бб, 1000 Скопје

ЕМБ 5156807

ЕДБ 4030973268903

жиро сметка: 000000000000000 Комерцијална банка 

блокирана – од 2013 година

Овластено лице: Игор Михајловски, претседател

Нашата цел

ОСТВАРУВАЊЕ НА ДОЛГОГОДИШНИОТ СОН

Иако сме свесни од последиците кои ќе ги предизвикаат економската, енергетската и здравствената криза и како тоа ќе се рефлектира врз спортот, новото раководство на КФСМ (јули 2022), предводено од Игор Михајловски како претседател, постави јасни и оптимистички цели меѓу кои од позначајните се:

1. Деблокирање на жиро сметката на КФСМ (блокирана од 2013 година до денес)

2. Модернизација и враќање на стандардите регулативи во спортот и поголема застапеност на кугларските активности во јавноста

3. Подмладување на постоечкото членство со проекти за млади лица кое ќе ја промени сликата во период (2023-2026)

4. Одржување на континуитетот на учество на македонските репрезентативци на големите светски првенства

5. Изградба на нови куглани и проширување на спортот во други градови низ Македонија (период 2023 – 2031)

6. Подобар третман и вреднување на работата на кугларските работници, натпреварувачи и клубови од страна на Агенцијата за млади и спорт

Извршен одбор на КФСМ

Тим на докажани љубители на кугларскиот спорт во Македонија во комбинација со успешни менаџери

Игор Михајловски

Претседател

Игор Герасимовски

Потпретседател

Димитар Димитровски

Потпретседател

Предраг Николиќ

Член

Емилија Переска

Член