Започна македонската кугларска лига. Макпетрол го доби дуелот против Вардар, ГТЦ подобар од Пелистер
Овој викенд започна македонската кугларска лига и веднаш во првото коло два дерби натпревари помеѓу Вардар и Макпетрол и ГТЦ и Пелистер.
Првиот натпревар помеѓу дводеценискиот шампион Макпетрол кој доминира во македонската лига и Вардар 2014 кој успеа да го симне Макпетрол од тронот пред 2 сезони, оваа година значително засилен и со шампионска амбиција, својата резултатска тензија ја покажа по завршувањето на првиот блок на натпреварувачи каде што Вардар поведе со 2:1. Во вториот блок бројна публика само ја надополни одличната спортска атмосфера, нафташите успеаа да се извлечат од неизвесноста и на крајот убедливо со 6:2 го добија дуелот против Вардар. Поени за Макпетрол освоија, Сашо Трпковски, Младен Донковски, Дарко Марковиќ (интернационалец), Игор Беличански и Младен Донковски. Кај Вардар 2014, поени освоија Коста Манев кој беше и играч на натпреварот и најдобар куглар во првото коло и Милош Миливојевиќ (интернационалец).


Натпреварот ГТЦ Мусандра – Пелистер 1982, заврши 5:3. Пелистер иако како гостин важеше за фаворит, се испостави дека е натпревар многу резултатски неизвесен и до последните кугли се решаваше дали ќе биди натпреварот нерешен или не, со тоа што предноста од домашната куглана домаќините ја искористија на најдобар можен начин, додека пелистерци не успеаа да се снајдат најдобро. Поените за ГТЦ ги зедоа Менсур Ајдин, Александар, Блажевски и Игор Коцев додека кај Пелистерци, поени освоија Цане Колев, кој воедно беше и играч на овој натпревар, Цане Поповски и Влатко Трајчевски.

Останатите два натпревари помеѓу машките Б екипи на Вардар и Макпетрол против женските екипи на Пелистер Пин и ГТЦ Мусандра беа однапред предвидливи и истите завршија со 7:1 во полза на машките. Поени во овие дуели освоија Стефанија Алексовска од Пелистер Пин и Милена Петрески од ГТЦ Мусандра.

Детали околу тековното прво коло од МКЛ 22/23 година, записници од натпреварите и статистика може да се погледнат на следниот линк